Тестирање за ХИВ

Тестирањето и советувањето за ХИВ е бесплатно и доверливо, се спроведува од обучени советувачи и медицинско лице – лаборант. ХИВ-тестот е брз и се прави со капиларен примерок (една капка крв од прст), а резултатите се добиваат за 30 минути. Услугата е овозможена во работните денови, од понеделник до петок, од 13 до 21 часот. Информации околу сервисот за тестирање за ХИВ можете да добиете на нашата Фејсбук страница, на е-пошта [email protected] или на телефонските броеви 02/3220-851 и 078/431-866.