Од 2015 успешно е воведена нова превентивна метода за ХИВ наречена пред-експозициската профилакса или ПрЕП (комбинација на лекарствата тенофовир и емтрицитабин), која се зема орално како апче на дневна основа или по потреба пред и по сексуален однос.
Најновите истражувања за лекарството каботегравир кое се инјектира на секои 8 недели, покажуваат уште поголема ефикасност и заштита од ХИВ кај мажите кои имаат секс со мажи и трансрдовите жени, што ги зголемува превентивните методи достапни за овие популации. Истражувањата се во тек за ефективноста кај други популации.