Разговор со психолог

Услуги:
– психолошко советување
– психотерапија
– психосоцијална поддршка
– упатување до други сервиси на организацијата или здравствена институција
– неформален разговор (разговор по потреба)

Советувањето и психотерапијата се одвиваат во индивидуални сесии, како и партнерско и семејно советување, во зависност од потребите на клиентот. Услугите ги спроведува лиценциран психолог и гешталт психотерапевт со долгогодишно искуство.

Услугата психолог е достапна во работните денови вторник, четврток и петок од 17 до 21 часот и истата е доверлива и бесплатна.

Информации за сервисот психолог и закажување може да добиете на нашата Фејсбук страница, на e-пошта [email protected] или на телефонските броеви 02/3220-851 и 078/431-866.