Теренска работа

Теренската работа во најголема мера е за полесна достапност до клиентите и нивно информирање за сервисите и услугите кои ги нуди ЕГАЛ.

Теренските работници секојдневно одат на терен и тоа најчесто на места каде фреквентира МСМ популација. На терен, теренските работници имаат задача да споделат информации за сервисите и услугите кои се нудат бесплатно и доверливо во ЕГАЛ, како и да поделат кондоми, лубриканти и едукативни материјали од превентивната програма за ХИВ. Исто така, теренските работници имаат задача да ги советуваат клиентите како да го намалат своето ризичното однесување и да ги мотивираат да направат ХИВ тест во Центарот за сервиси на ЕГАЛ или во мобилната единица (соодветно опремено комбе) за ХИВ тестирање.

Теренските активности се одвиваат на неколку локации каде што најчесто фреквентираат припадници на МСМ популацијата (градски парк, трговски центри, железничка и автобуска станица, јавни тоалети, базени и бањи, студентски домови, кафетерии и клубови) во Скопје, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Штип и Струмица, во различни временски интервали во текот на денот.

Информации за локациите каде има теренска работа, временската рамка како и за контакт со теренски работник, можете да добиете на нашата Фејсбук страница, на e-пошта [email protected] или на телефонските броеви 02/3220-851 и 078/431-866.