Пристигнуваат податоци за клиничките исходи од COVID-19 меѓу луѓето што живеат со ХИВ. Луѓето што живеат со ХИВ се чини дека се изложени на зголемен ризик од посериозни исходи од COVID-19 во споредба со другите луѓе. Луѓето што живеат со ХИВ треба да бидат вакцинирани против COVID-19, без разлика на нивните CD4 клетки или вирусен товар, бидејќи потенцијалните придобивки од вакцината ги надминуваат потенцијалните ризици. ХИВ треба да биде вклучен во категоријата високоризични медицински состојби при развивањето приоритет за вакцинација. Важно е да се напомене, при аплицирањето вакцини на луѓето што живеат со ХИВ, треба да се зачува доверливоста за нивната здравствена состојба, порачуваат од UNAIDS.
unaids_hiv_covid-19_brochure_mk