Разговор со психолог
Психолошки услуги: психолошко советување, психотерапија, психосоцијална поддршка, упатување до други сервиси на организацијата или здравствена институција, неформален разговор.
Советувањето и психотерапијата се одвиваат во индивидуални сесии, како и партнерско и семејно советување, во зависност од потребите на клиентот. Услугите ги спроведува лиценциран психолог и гешталт психотерапевт со долгогодишно искуство. Доверлив и бесплатен сервис, достапен во вторник, четврток и петок од 17 до 21 часот.
Грижи се за твоето ментално здравје!
Менталното здравје ги опфаќа нашата емотивна, психолошка и социјална благосостојба. Влијае на тоа како размислуваме, се чувствуваме и постапуваме. Помага и во детерминирањето како се справуваме со стресот, се поврзуваме со другите и носиме одлуки. Менталното здравје е важно во секоја фаза од животот, од детството и адолесценцијата па сѐ до зрелата доба. Доколку имаш потреба од психолошки услуги, контактирај нѐ.