Тестирање за ХИВ
- Брз ХИВ-тест
- Советување
Тестирањето и советувањето за ХИВ е бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени советувачи и медицинско лице – лаборант. ХИВ-тестот е брз и се прави со земање капиларен крвен примерок од прст, а резултатот се добива за само 30 минути.


Психолог
- Советување
- Психотерапија
Грижи се за твоето ментално здравје! Доколку имаш потреба, во нашиот центар за сервиси достапна ти е бесплатно услугата психолог што опфаќа психолошко советување, психотерапија, психосоцијална поддршка, неформален разговор.
Теренска работа
- ХИВ превенција
- Информации
Во центарот за сервиси на ЕГАЛ и кај нашите теренски работници подигнете бесплатни кондоми, лубриканти и едукативни материјали за заштита од ХИВ. Достапна е и мобилна единица (соодветно опремено комбе) за тестирање за ХИВ на терен.

Закажи термин
Заради заштита од и спречување на ширењето на коронавирусот што ја предизвикува болеста COVID-19, работата во нашиот центар за сервиси е организирана согласно препораките и протоколите од здравствените власти. Од таа причина, како и заради дискрецијата на сервисите, сите посети мора да бидат претходно најавени во комуникација со нашиот тим.
Каде се наоѓате?
ул. „Ленинова“ бр. 29-2/7, Скопје
Телефони за контакт
02/3220-851 и 078/431-866
Електронска пошта