Премини на содржината

Глобалното воведување на третман за ХИВ има спасено милиони животи

Со поставувањето на целите 90-90-901Целите 90-90-90 предвидуваат дека до крајот на 2020 г., 90% од луѓето кои живеат со ХИВ ќе го знаат својот статус, 90% од нив ќе добиваат третман и антиретровирусна терапија за ХИВ и 90% од луѓето со ХИВ на терапија ќе имаат постигнато вирусна супресија (недетектибилно вирусно оптоварување), договорени на Генералното собрание на Обединетите нации во 2016 г., мнозинството луѓе што живеат со ХИВ требаше да бидат тестирани, да започнат со третман и вирусот во нивните тела да биде редуциран до недетектабилни нивоа до 2020 г. Постигнувањето на овие цели значи дека минимум 73% од луѓето што живеат со ХИВ имаат супресирано вирусно отптоварување, што помага да останат здрави и превенира натамошно ширење на вирусот.

На крајот од 2020 г., 84% од луѓето што живеат со ХИВ го знаеле нивниот ХИВ-статус, 73% имале пристап до антиретровирусна терапија, а кај 66% вирусот бил супресиран. Од 37.7 милиони луѓе што живеат со ХИВ глобално во 2020 г., отприлика 27.5 милиони луѓе што живеат со ХИВ биле на третман – бројка што е повеќе од тројно зголемена од 2010 г., но сѐ уште е помала од поставената цел за 2020 г., 30 милиони.

Глобалното воведување на третман за ХИВ има спасено милиони животи: од 2001 г. избегнати се отприлика 16.5 милиони смртни случаи поврзани со СИДА. Во 2020 г., имаше 680,000 смртни случаи поврзани со СИДА, што е намалување за 58% од 2001 до 2020 г.2Извор: Заедничка програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА, епидемиолошка проценка, 2021 Најмалку 40 земји се на пат да постигнат 90% редукција на смртноста поврзана со СИДА до 2030 г., вклучително девет земји во источна и јужна Африка.

Фусноти

  • 1
    Целите 90-90-90 предвидуваат дека до крајот на 2020 г., 90% од луѓето кои живеат со ХИВ ќе го знаат својот статус, 90% од нив ќе добиваат третман и антиретровирусна терапија за ХИВ и 90% од луѓето со ХИВ на терапија ќе имаат постигнато вирусна супресија (недетектибилно вирусно оптоварување)
  • 2
    Извор: Заедничка програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА, епидемиолошка проценка, 2021
Споделете на...