Препораки за унапредување на менталното здравје кај луѓето што живеат со ХИВ

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за ментално здравје – 10 октомври, EATG (European AIDS Treatment Group) издаде брифинг документ со препораки произлезени од истражување за менталното здравје кај луѓето што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ во Европа и Централна Азија.1World Mental Health Day: EATG launches mental health recommendations paper; хиперврска Препораките се насочени кон европските и националните здравствени власти и носители на политики, агенции, донатори, професионалци од здравството, истражувачи и граѓански сектор, кои работат со луѓе што живеат со ХИВ, се засегнати или се во ризик од ХИВ.

Општи препораки до здравствените системи за унапредување на менталното здравје кај луѓето што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ во Европа и Централна Азија:

  1. Да се подигне свесноста за проблемите со менталното здравје помеѓу самите луѓе што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ поради зголеменото влијание на хроничните состојби врз менталното здравје, како и поради товарот од стигмата и дискриминацијата со кои се соочуваат луѓето што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ, особено оние од маргинализирани или криминализирани популации.
  2. Негување и подобрување на координацијата помеѓу сервисите за ментално здравје односно одговорите на здравствените системи на проблемите и предизвиците поврзани со менталното здравје на гореспоменатите луѓе и другите сервиси за ХИВ.
  3. Да се обезбеди поврзување со сервиси за ментално здравје преку сервисите за ХИВ, во оние сервиси за ХИВ што не вклучуваат поддршка за менталното здравје.
  4. Да се подобри дијалогот помеѓу специјалистите за ХИВ и специјалистите за ментално здравје за да се зголеми знаењето и разбирањето за постојните потреби, сервиси и врски помеѓу двете специјалистички гранки.
  5. Одговорот на грижата за менталното здравје треба да овозможи можности што ќе одговараат на различните нивоа на потреби (вклучително групи за само-помош, врсничка поддршка, групна поддршка, поддршка од стручни лица за ментално здравје), како и зајакнување на пациентите за самостојно справување со проблемите поврзани со менталното здравје, онаму каде што е возможно.
  6. Политиките и упатствата за грижа треба да бидат ажурирани согласно различните потреби, како и да вклучуваат можности за де-медикализација на сервисите.
  7. Да се вклучат осврти на потребата од диференцијација на случаи каде поддршката бара фармаколошки интервенции и оние случаи каде тоа не е потребно.
  8. Да се поддржат истражувања што ќе генерираат докази, да се дефинираат програмски побарувања и формално да се признае работата на врсници (peers) обучени за работа во полето на менталното здравје.

Целосниот брифинг документ е достапен на англиски и на руски јазик,2Briefing Paper: Mental Health of People Living with HIV; хиперврска каде дополнително се содржани и конкретни препораки за: европски и национални институции, агенции и донатори; професионалци и специјалисти во здравствената грижа; истражувачи; граѓански сектор, невладини организации и организации на заедниците кои работат со луѓе што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ.

Овој брифинг документ е донесен во рамките на проектот за ХИВ и ментално здравје на EATG, врз основа на истражувањето спроведено претходно во 2021 г. кое е достапно како целосен извештај на англиски и руски јазик3Survey Report: Mental Health of People Living with HIV and Staff of Organisations Working in the Field of HIV in the WHO European Region; хиперврска и краток извештај достапен на англиски, француски, италијански, португалски, романски, руски и украински јазик.4Short Report: Mental Health of People Living with HIV and Staff of Organisations Working in the Field of HIV in the WHO European Region; хиперврска

Фусноти

  • 1
    World Mental Health Day: EATG launches mental health recommendations paper; хиперврска
  • 2
    Briefing Paper: Mental Health of People Living with HIV; хиперврска
  • 3
    Survey Report: Mental Health of People Living with HIV and Staff of Organisations Working in the Field of HIV in the WHO European Region; хиперврска
  • 4
    Short Report: Mental Health of People Living with HIV and Staff of Organisations Working in the Field of HIV in the WHO European Region; хиперврска