На почетокот на февруари 2022 година, научниците идентификуваа варијанта на ХИВ во Европа. Во споредба со другите варијанти на ХИВ, оваа варијанта е и поштетна и позаразна. Добрата вест е дека студијата исто така утврдила дека антиретровирусната терапија (АРТ) за ХИВ е ефикасна против оваа варијанта која е присутна со години.1University of Oxford, BEEHIVE — A highly virulent variant of HIV-1 circulating in the Netherlands
Според истражувачите, „варијантата „VB“ еволуирала во доцните 1980-ти и 1990-ти години во Холандија и се ширела побрзо отколку другите варијанти на ХИВ во 2000-тите години, а почнува да опаѓа од околу 2010-та година навака. Луѓето со „VB“ по земањето АРТ имале слично опоравување на CD4 клетките и слична стапка на преживување. Варијантата „VB“ нема мутации што се отпорни на лекови“.
Најважно е да знаете дека антиретровирусната терапија функционира – за да се подобри здравјето на лицето што живее со ХИВ и за да се спречи пренесување на други. Принципот „недетектабилно е еднакво на непреносливо“ е применлив и за оваа варијанта, така што луѓето што живеат со ХИВ кои можат да останат на третман, имаат недетектабилно вирусно оптоварување и не можат да го пренесат вирусот.
Глобалната мрежа на луѓе што живеат со ХИВ ги повикува владите и донаторите да ги интензивираат напорите за да се погрижат сите да имаат еднаков пристап до превенција, тестирање и третман за ХИВ. Не треба да се заборави на епидемијата на ХИВ и луѓето што живеат со ХИВ и додека се справуваме со COVID-19.2Global Network of People living with HIV (GNP+) — HIV variant: no cause for worry as treatment works
Фусноти
- 1University of Oxford, BEEHIVE — A highly virulent variant of HIV-1 circulating in the Netherlands
- 2Global Network of People living with HIV (GNP+) — HIV variant: no cause for worry as treatment works