Во 2020 година, мнозинството од активни политички партии во земјава потпишаа Декларација (чијшто текст е достапен подолу) со која се обврзуваат преку своите претставници во извршната власт да даваат континуирана поддршка и да ги препознаат граѓанските организации даватели на услуги поврзани со здравствена заштита со посебно значење за јавното здравје, за ранливи групи на население, во рамките на постојниот или во нов Закон за здравствена заштита.
Воедно, долупотпишаните политички партии се обврзаа на обезбедување долгорочна одржливост на досегашното национално финансирање на програмите и активностите за превенција, тестирање и поддршка во врска со ХИВ за групите под особен ризик, коишто се спроведуваат од страна на граѓанските организации, вклучувајќи и ефективни механизми на финансирање и социјални договори.