Премини на содржината

Промоција на орален ХИВ-тест за домашна употреба – Комитет, 3 декември, 21:00

Информирај се и подигни брз ХИВ-тест за орална употреба што можеш да го направиш самостојно, во домашни услови. Услугата е целосно анонимна и бесплатна, а резултатот од тестот го дознаваш за само 20 минути во комфорот на својот дом.

Во сабота, 3 декември 2022 година, дојди во социјалниот клуб „Комитет“ (на приземје во катна гаража „Беко“) на нашиот настан со почеток од 21 часот, да се журкаме и едуцираме за превенцијата на ХИВ и новата можност за самотестирање.

Добредојде ќе ви посака телевизискиот водител и презентер Ване Маркоски, а DJ Kalkov ќе се погрижи за вашето расположение. Се гледаме!

Настанот се организира во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, членка на Меѓународната федерација за планирано родителство.